Денови на македонската култура, со наслов „Допирот на Македонија (Dodir Makedonije)“ ќе се одржуваат во Белград од 15-ти до 29-ти мај.Манифестацијата ќе биде отворена вечерва со изложба на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија.
Во сабота, навечер ќе настапат гости од Македонија и изведувачи на македонска традиционална музика од Србија, а во недела ќе биде организирана ликовна работилница на која уметниците Ирена Дурлевиќ и Синиша Новески ќе цртаат со јавни личности од Белград.
За вторник е планирана поетска вечер „Везилка“ на македонски поети и нивни пријатели од Србија, а во среда ќе биде прикажан филмот „Балканкан“ на режисерот Дарко Митревски. Во четврток, 21 мај, пак, ќе биде организирана вечер на класична музика со македонски оперски солисти, а наредниот петок во Библиотеката на Град Белград ќе се одржи свечена академија за свети Кирил и Методиј.
Во галеријата „Прогрес“ на 25 мај ќе биде отворена изложба на скулптури на Синиша Новески, а манифестацијата ќе заврши на 29-ти месецов со Македонска вечер во Домот на армијата во српската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија