| четврток, 6 декември 2018 |

Центарот „Лоја“ организира филмски фестивал во Тетово

Центарот за балканска соработка „Лоја“, по четврти пат го организира Филмскиот фестивал „WatchOut” кој ќе се одржи од 26-ти до 29-ти мај, во амфитеатарот во Музејот на КПМ во Тетово.

„WatchOut” е фестивал кој се држи на отворен простор, и филмовите кои конкурираат се поделени во четири категории: кратки играни филмови, анимирани , експериментални, и документарни.

Овој фестивал е интернационален, и со свои филмови на конкурсот кој траеше до 4-ти мај, аплицираа уметници од 5 континенти од 50 различни држави од светот.

Организаторите на фестивалот информираат дека за време на фестивалот, во Тетово ќе престојува светски познатиот видеоартист и куратор Скип Блумберг.

Локални уметници имаат можност да учествуваат на работилница која ќе се случува за време на самиот фестивал, и која ќе биде реализирана од страна на Скип Блумберг. Работилницита истовремено е и отпочнување со проектот “Tetovo Transformers”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top