Славниот музичар Би Би Кинг почина во 90. година од својот живот, во својот дом во Лос Анџелес. Веста за смртта на легандарниот гитарист ја потврди и неговиот адвокат.
Славниот музичар кон почетокот на април беше хоспитализиран поради дехидрација, предизвикана од дијабетесот од кој боледуваше повеќе од 20 години. Набрзо потоа повторно беше хоспитализиран поради дехидрација и помал срцев удар.
Неговите песни засекогаш ќе бидат запомнети од милионите љубители на неговата музика. Списанието „Ролинг стоунс“ го смести на трето место на својата листа „100 најголеми гитаристи на сите времиња“.
За својата музика доби 14 награди „Греми“ вклучувајќи ја и таа за животно дело.
Кинг беше оженет двапати, за Марта Ли Дентон од 1946 до 1952 и за Су Керол Хал од 1958 до 1966. И двата брака завршија поради големите обврски на Кинг. Се тврди дека тој е татко на 15 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


