| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна модна ревија за Орнела Јордановска

oornelaaa-500x396

В сабота, 16 мај,  во 12 часот, пред бутикот „Џордано“ во скопскиот ГТЦ ќе се одржи голема хуманитарна модна ревија посветена на младата дизајнерка и пејачка Орнела Јордановска која боледува од рак на лимфните жлезди.

Дваесетина манекени ќе продефилираат пред бутикот за Орнела, а телевизиската водителката Хелена Роза ќе ја промовира нејзината книга „Новата јас“ .

Сите оние кои ќе ја купат книгата автоматски донираат средства за лекувањето на Орнела, како и сите кои ќе купат парче гардероба од „Џордано“ исто така донираат за лекувањето на Јордановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top