Во Кичево ќе се чека до последното ливче за да се знае конечниот резултат – кој е победник – македонскиот кандидат Благоја Деспотовски или албанскиот кандидат Фатмир Дехари. Според неофицијалните информации, битката е тесна, а минимална предност има Деспотовски, кандидатот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.
Партиски извори велат дека е тесна битката и во Струга, каде што македонскиот политички блок има заеднички кандидат. Тесна битка се води и во општина Центар меѓу Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Жерновски од здружената опозиција. Во Охрид во предност е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески. Тој ги добил гласовите во речиси сите гласачи места во охридските села. Во Гази Баба, пак, според партиски извори, Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 3:1.
ВМРО-ДПМНЕ слави во Радишани и во Кисела Вода. Води и во Македонска Каменица, Вевчани и Кратово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.