В недела (17 мај), со почеток во 20 часот, во рамките на 43. „Мајски оперски вечери“, во Македонската опера и балет ќе биде изведена најпопуларната и најизведувана оперска претстава кај нас „Травијата“. Претставата ја режираше гостинката од Бугарија, Нина Најденова. Во главните улоги имаме гости од три држави. Насловната улога, Виолета Валери, ќе ја толкува сопранот Сања Керкез од Србија, Алфред Жермон ќе го толкува тенорот Домагој Доротиќ од Хрватска, додека Жорж Жермон ќе го интерпретира, баритонот Нико Исаков од Бугарија.
Диригент е: Норман Виџаја од Индонезија
Поради болест, најавениот гостин од Италија, Кристијан Ричи, кој требаше да ја толкува улогата на Алфред Жермон, го откажа учеството во претставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.