| четврток, 6 декември 2018 |

„Побуна“ во УКИП против старо-новиот лидер Најџел Фараж

najxel

Група високи функционери и активисти, вклучени во предизборната кампања на британската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), отворено се побунија против старо-новиот лидер Најџел Фараж.

Тие го обвинуваат за „самоволие“ и сметаат дека тој не може, еднаш да даде оставка на лидерската функција, а потоа да се премисли и да смета дека и понатаму е лидер на УКИП.

Раководителот на изборната кампања, за парламентарните избори што се одржаа минатата недела, Патрик О`Флин во разговор за „Тајмс„ остро го осуди ваквото однесување на Фараж.

О`Флин го нарекува Фараж „слабо и агресивно човече кое постојано р`жи“ и дека од УКИП направил партијата да биде негов „личен култ“.

Од групата незадоволници, чиј идентитет не се открива, сега се бара од Фараж да не се прикажува како лидер и да учествува во изборна трка, заедно со други кандидати за првата функција во партијата, доклку навитина и понатаму сака да раководи со УКИП.

Ова е првпат досега, од оваа партија која инсистираше на својата монолитност и единство, да се слуѓа за внатрепартиски борби и за критики кон Фараж, кој и порано и сега се смета за најзаслужен за нејзиниот напредок- од маргинална партија на „отпадници„ од ториевците, до партија победник на минатогодишните евроизбори во Велика Британија.

На годинешниве парламентарни избори, УКИП успеа да освои само едно пратенички место, иако се најавуваше дека партијата може да биде силен фактор во новиот Парламент. Голем неуспех претрпе и самиот Фараж кој не успеа да стане пратеник.

Самиот најави уште пред изборите дека „нема да размислува ниту момент“ за да поднесе оставка, ако не биде избран за член на Долниот дом и го одржа ветувањето. Но набргу потоа тој се премисли, оправдувјќи се дека партијата тоа го барала од него.

Неговите политички противници сега го критикуваат оти со своето однесување, се повторува примерот со Гордон Браун, кој беше поставен за лидер на лабуристите, по повлекувањето на Тони Блер, без противкандидат и без избори.

Во УКИП се стравува дека „самоволието“ на Фараж сериозно ќе и наштети на партијата, а посебно нему и на неговиот престиж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top