| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу ќе ги искорени сите траги од воените преврати во Турција

 Iraqi Foreign Minister Hoshiyar Zebari (R) and Ahmet Davutoglu, chief foreign policy adviser to Turkish Prime Minister Tayyip Erdogan, hold a joint news conference in Baghdad
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вети дека ќе ги искорени сите траги од воените преврати во Турција, јави Анадолија. Тој ова го изјави вчера на предизборен митинг во градот Кјотахија, еден ден по погребот на седмиот турски претседател Кенан Еврен, кој почина на 97-годишна возраст.Еврен беше еден од раководителите на воениот преврат во Турција од 1980 година. Превратот на 12 септември 1980 година беше третиот преврат во земјата, по тие во 1960 и 1971 година.

Давутоглу вчера ги обвини опозициските партии за лицемерство поради тоа што „се претставуваат како политичари што се против државни удари по смртта на Еврен“.

Премиерот додаде дека опозициските партии никогаш не изразувале „вистински ставови“ против воените преврати.

Турски суд во јуни минатата година го осуди на доживотен затвор Кенан Еврен, претседател на Турција од 1980 до 1989 година за злосторства против државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top