Во Кан свечено беше отворен 68. Филмски фестивал во присуство на десетици меѓународни ѕвезди. Посебно внимение на црвениот килим предизвикаа Џулијан Мур и Наоми Вотс, кои блескаа во свечените фустани.
Добитничката на „Оскар“, Џулијан Мур (54) беше облечена во гламурозен црн фустан со светки и со кристали. На себе имаше елегантен накит и кок со кој беше нагласена нејзината софистицираност.
Вотс имаше прекрасен сребрено-сив балски фустан, исто така украсен со кристали. Единствен детал на неа беа елегантните џебови на фустанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал