Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако гласаше претпладнево во 11 часот, оцени дека локалните избори до овој момент се одвиваат фер и демократски.
Половина час подоцна гласаше и кандидатот за градоначалник на Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари. И тој ја даде истата оценка.
– Мојот глас е за граѓаните на Кичево и за доброто на сите граѓани кои живеат на оваа територија. Изборниот процес до овој момент се одвива во нормална атмосфера, се надевам дека така ќе биде до крајот на денот – рече Дехари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.