Со две полуфинални вечери и финале годинава „Макфест“ ќе се одржи на 3, 4 и 5 јуни, на истото место како и секогаш, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Ова беше објавено на денешната прес-конференција, каде беа и претставени учесниците, авторите и нивните композиции кои ќе бидат изведени на „Макфест 2015“, а беше извршено извлекување на редоследот за настап во двете полуфинални вечери.
Како што соопшти директорот на фестивалот Дарко Мијалковски, на секоја полуфинална вечер ќе настапат по 15 изведувачи, а само 9 од нив ќе влезат во финалето.
Техничкиот директор Трајче Јованов кажа дека оваа година ќе се превземат сите мерки за да се спречат сите стапици во гласањето кои се случија на последните фестивали. Годинава ќе се гласа со СМС пораки, кои 30% ќе влијаат во изборот на финалистите и победникот, додека останатите 70% ќе им припаднат на членовите на жирито кое ќе биде интернационално и составено од двајца претставници од Македонија и тројца од странство, а нивните имиња ќе се држат во строга тајност поради спречување на секакво влијание и притисок.
За разлика од претходните години, овојпат нема да може да се гласа со влезниците за фестивалот, бидејќи организаторите решија во пресрет на 30 годишниот јубилеј да ги подарат сите влезници како благодарност за верната публика која цели 30 години го следи „Макфест“.
Наградата за првото место е10.000 евра, за второпласираниот се предвидени 7.500 евра, додека третонаградената композиција ќе биде наградена со 5.000 евра во денарска противвредност. Исто така ќе има награди од по 1.000 евра за најдобриот дебитант, сценски настап и аранжман.
Водители на „Макфест“ оваа година ќе бидат Марјана Станојковска и Марко Новевски, а фестивалот ќе го пренесува во живо МРТВ, чиј ревиски оркестар ќе ги придружува пејачите во изведбата на песните на макфестовската сцена.
Редоследот на настапите во првата и втората полуфинална вечер:
Прва полуфинална вечер
1. „Миг до вечност“ Евгенија Чанчалова
2. „Ова е крај“ Александра Кукушев
3. „Живеев за нас“ Дејан Тасев
4. „Ако љубов е“ Ѓоко Танески
5. „Последно танго“ Влатко Илиевски
6. „Ќе те чувам“ „Маротов бенд“
7. „Жал ми е“ Димитар Андоновски
8. „Те молам врати се“ Огнен Здравковски
9. „После се’“ Теодора Зеровска
10. „Што ми правиш ти“ Маја Вукичевиќ
11. „Срце да се отвори“ Јоце Панов и Зуица Лазова
12. „Биди тој што си“ Игор Митровиќ
13. „Ни јас ни ти“ Виктор Апостоловски
14. „Кога љубовта не е дозволена“ Верче Пандиловска
15. „Ако мене ме немаш“ Дејан Стојанов
Втора полуфинална вечер
1. „Да не те знам“ Даниел Данн
2. „Ти си само сон“ Александра Михова
3. „Лажи ме“ Александра Андова
4. „Најсреќна“ Лена Заткоска
5. „Кој што ме чуе да пеам“ Панче Илиев и Иле Кикиритков
6. „Сакај ме“ Марјан Стојановски
7. „Диви цветови“ Бојана Атанасовска
8. „Брод на разделби“ Ивана Наумова
9. „Тешко време“ Ивона Јовановиќ и „Рафинерија“
10. „Љубовта е се’ што ми треба“ Наде Талевска
11. „Ако не ми требаш“ Зоран Илиев
12. „Каде и да си“ Наташа Малинкова
13. „Купи ме“ „Браво бенд“
14. „Журка“ Горан Наумовски
15. „Како небо и земја“ Дарко Илиевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



