| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Мисајловски има интегритет, искуство, високи стручни и морални квалитети

Vlado-Misajlovski-int139-2

По вчерашната неотповиклива оставка на досегашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска претседателот на македонската ВладаНикола Груевски, за нов министер пред Собранието го предложи  Владо Мисајловски.

Мисајловски, актуелен директор на Агенцијата за патишта на Република Македонија, претходно беше државен секретар во министерството за транспорт и врски, каде ја организираше работата на сите покрупни проекти на министерството.

Станува збор за човек кој одлично ги познава проектите на министерството, реформите кои се во тек, во секторите кои се во надлежност на министерството, проектите од програмата на Владата и нивната динамика на реализација. Имајќи во обзир дека ги познава и вработените во оваа институција, тоа гарантира дека нема да има никаков застој во реализацијата на програмата во областа на министерството за транспорт. Пред оваа функција, Мисајловски неколку години беше државен секретар во МНР каде беше силно посветен на организацијата на ова министерство во сите негови декапеа и активно учествуваше во дипломатските активности на министерството, рече Груевски пред пратениците.

Владо Мисајловски има работено и во општина Центар на голем број проекти и Груевски вели дека тој одлично ги познава и проблемите  и предизвиците на локалната самоуправа.

Неговото образование, искуство и високи стручни и морални квалитети, високиот степен на интегритет и посветеност на работата, големата динамичност и брзината карактеристична за неговото работење, одговорноста и работливоста се причина поради која го предлагам за министер за транспорт на Република Македонија, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top