| четврток, 6 декември 2018 |

Сакал да го убие принцот Чарлс, за црвенокоскиот син Хари да стане крал

princ carls

Еден десничарски фанатик, кој се чувстувал маргинализирано поради црвената боја на коса планирал да го убие принцот Чарлс, пишуваат британските медиуми.

Тој се надевал дека на тој начин црвенокосиот син Хари ќе стане крал, се слушнало на судењето во Лондон.

Во белешката која ја пронашла полицијата, Колборн наведува дека сака да убива црнокоси луѓе, конкретно принцот Чарлс, изјави обвинителката Анабел Дарлоу пред судот во Лондон.

Колборн во своите белешки говори за расната омраза кон не-ариевците и кон системот и органите на државата, пренесува „Би-би-си“.

princ hari

Обвинетиот се споредил себеси со Андерс Беринг Брејвик, норвешкиот екстремист кој во 2011 година уби 77 луѓе.

За време на судењето Колборн се доживувал како „маргинализирана личност која била понижувана од општеството поради белиот тен и црвената коса“.

Тој набавил хемикалии неоходни за правење смртоносен отров цијанид, купил маски, филтри, пластични шприцев и латекс ракавици.

– Барам голема одмазда, масовен терористички напад со кој ќе го привлечам вниманието на нашата болка – изјави Колборн.

Колборн беше уапсен откако неговиот полубрат ги открил хемикалиите и белешките во семејниот дом во Саутемптон и ја повикал полицијата, наведува „АФП“.

Тој ги демантира сите обвиненија.

Како најстар син на кралицата Елизабета втора, принцот Чарлс е директен наследник на престолот. Втор во редот за престол е неговиот постар син Вилијам, зад него се двете негови деца Џорџ и новороденчето Шарлот. Хари, помладиот црвенокос брат на Вилијам е петти во редот за престолот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top