Многу книги се напишани за разотркивање на деталите во врска со најпонзатото кралско семејство, а од најновата книга”Game of Crowns” од авторот Кристофер Андерсен нема да биде задоволна Камил Паркер. Имено авторот тврди дека војвотката од Корнвол се обидела и речиси успеала да ги раздели Кејт и Вилијам.
Во книгата се вели дека Камила „била згрозена што целото внимание на јавноста било насочено на Вилијам и Кејт“, кога таа толку многу се трудела да и се допадне на јавноста која ја обвинуваше за смртта на принцезата Дајана. Ова не е првпат да се шушка дека Камила знае да биде мошне љубоморна.
Таа наводно го наговарала принцот Чарлс да го увери Вилијам, кој тогаш бил несигурен дали толку млад би можел да се ожени, дека треба да раскине со Кејт. Чарлс, под силен притисок на Камила, токму тоа го сторил, па така младата двојка раскина во 2007 година. Но, овој обид не и успеа, бидејќи шест недели подоцна Кејт и Вилијам се смирија, а денес имаат прекрасно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!