Утрово околу 05,00 часот во полиција е пријавено е дека на бул.„Асном“од засега непознати причини опожарено е патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистерски ознаки сопственост на Б.Т. (62).
Од опожарувањето било зафатено и уште едно возило „опел астра“ со скопски регистерски ознаки.
Од страна на СВР-Скопје се врши увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.