| четврток, 6 декември 2018 |

Во двор гореше автомобил, пожарот намерно предизвикан

Вчера во 01.50 часот во ПС Гази Баба, М.Х. од Скопје пријавил дека на 08/09.10.2016 година во периодот од 23.30 до 01.30 часот во Скопје на ул.„Зендел Џемаил“, во дворот од куќата сопственост на В.А., непознат сторител извршил предизвикување општа опасност.

Сторителот, најверојатно со бензин, го испрскал автомобилот „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.О., го запалил, а потоа заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top