| четврток, 6 декември 2018 |

Како да бидете пофотогенични

Не се сите природно фотогенични, само знаат подобро да се наместат за сликање, објавува порталот „Пиксел“. Некоја ваша пријателка секогаш одлично изгледа на фотографите? Еве во што е тајната.
1. Покажете ја левата страна од лицето. Повеќето луѓе си знаат од која страна изгледаат подобро, но модната фотографка Гаранс Доре од искуство вели дека левата страна на лицето е попривлечна, па свртете се на таа страна.
2. Не стојте најнапред во групна фотографија. Никогаш не застанувајте пред сите кога правите групна фотографија бидејќи ќе изгледате непропорционално поголеми од другите на фотката.
3. Ако сакате фотка на целото тело нека ве фотографираат од понизок агол. Така ќе изгледате повисоки и повити.
4. Благо наведнете ја главата за да не гледате директно во фотоапаратот. Под агол повеќе ќе ви дојдат до израз цртите на лицето, особено јаболчниците.
5. Кога седите нека ве фотографираат од повисоко. Замолете го фотографот да застане повисоко од вас и благо завртете ја главата за да ви дојде до израз вилицата.
6. Кропирајте ја фотката сами (ако сте во можност). Потрудете се со телото целосно да ја пополнувате фотката.
7. Четири чекори за опуштена насмевка: 1. Затворете ги о~ите. 2. Длабоко земете воздух. 3. Отворете ги очите пред да се отвори леќата на апаратот. 4. Насмејте се.
8. Ставете го јазикот меѓу забите кога се смеете. На тој начин нема да се оклештите. И не заборавајте да се насмеете со очите.
9. Погледнете во сноп светлина непосредно пред фотографирањето. Зениците ќе ви се соберат и нема да имате црвени очи на фотката.
10. Речете “money”, а не “cheese”. Верувајте ни!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top