Британска професорка, наместо да го учи, имала секс со својот ученик. Таа го признала делото и сега се чека на пресуда.
Британката Епи Спрунг Досон (26) признала на суд дека имала сексуални односи со својот 17- годишен ученик.
Епи, која веќе четири години е во брак, му била професорка на момчето кое имало проблеми со дислексија и му понудила дополнителна помош.
Меѓутоа, таа со својот автомобил го одвела момчето надвор од градот, го паркирала покрај патот и имала сексуален однос со него. Двојката случајно била фатена од полициска патрола, која поминувала покрај нив и го здогледала автомобилот чии прозорци биле замаглени. Кога се приближиле кон автомобилот, чукнале на прозорецот, ги здогледале професорката и ученикот на седиштето голи од половината надолу. Професорката добила отказ од училиштето и против неа е покрената судска постапка.
Мајката на момчето не сака многу да зборува за целиот скандал во кој е вплеткан нејзиниот син, единствено инсистира на тоа дека тој не е виновен и дека во оваа приказна тој е жртвата.
Откако во училиштето се проширила веста за случајот, еден поранешен ученик на обвинетата професорка рекол дека таа често имала обичај да праќа пораки во кои наместо потпис ставала бакнежи и дека сите знаат дека таа е „емотивна и мека“.
Пресудата против Епи Досон ќе биде донесена на 1-ви мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.