Еден од подобрите играчи на Барселона во синоќешниот дуел на „Алијанц Арена“ беше уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез.
Тој асистираше за двата гола, со што му овозможи на Нејмар да реализира и со тоа да го одведат својот тим во големото финале.
Тренерот на Барселона Луис Енрике сепак мораше да направи измена на полувремето и на местото на Суараз да влезе Педро.
Овој потег беше нејасен за целокупната јавност, но денеска од Барса информираат дека Енрике тоа го направил бидејќи Суарез го истегнал мускулот на ногата. Тој денеска треба да ги мине деталните лекарски прегледи, по што со сигурност ќе биде одредено за каков вид повреда се работи и колкав период на рехабилитација го очекува напаѓачот на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.