| четврток, 6 декември 2018 |

Богомил Ѓузел и Лилјана Дирјан на „Европска ноќ на литературата“ во Софија

Македонското претставување на „Европска ноќ на литературата“ ќе се одвива во Клубот „Масарик” во Софија, на 13 мај од 18 до 21 часот.

Трета година по ред, КИЦ на Република Македонија во Софија е учесник и еден од организаторите на големиот литературен настан „Европска ноќ на литературата“ што секоја година истовремено се одржува во голем број европски градови.

Директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров и оваа година беше дел од организациониот одбор на лиературниот настан во Софија и десет други градови во Бугарија.

Годинава на „Европската ноќ на литературата“ во Бугарија, свои автори ќе претстават Европската комисија во Софија, Амбасадата на Австрија, Гете институтот, Британскиот совет, Институтот Сервантес, Полскиот и Унгарскиот институт, Чешкиот центар, Рускиот Културно-информативен Центар и нашиот Културно-информативен Центар.

На манифестацијата ќе бидат читани извадоци од делата „Остров на копното” од академик Богомил Ѓузел и „Со невидливиот сокол на рамото” од Лилјана Дирјан. Овие две дела, преведени и издадени во Бугарија имаа своја промоција минатата година, во организација на нашиот Центар во Софија. Стихови од нашите познати писатели ќе читаат актерот Иван Калошев и младиот режисер Ѓорги Георгиев-Антика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top