Опозицијата да се врати во Парламентот затоа што тоа е местото за надминување на политичката криза во земјата, побараа амбасадорите на Германија, Италија, Франција, САД, Велика Британија и на ЕУ на денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
– Го поздравуваме учеството на Заев на состанокот на Националнот совет за безбедност во неделата, кој следеше по трагичните настани во Куманово. Јасно му ставивме на знаење на Заев дека очекуваме одговорно однесување, исто така, и од опозицијата. Ја разбираме резервираноста која постои и потребата од опозицијата да биде будна до ниво на кое ќе игра важна улога на супервизор. Но, Парламентот останува клучна институција во која опозицијата може да земе учество на истражувачки начин. Затоа ја охрабруваме да се врати во Парламентот и да помогне за надминување на политичкиот ќорсокак. Го поддржуваме и правото на мирни протести, рече германската амбасадорка Кристине Алтхаузер од името на сите амбасадори по средбата со Заев.
Амбасадорите денеска одржаа средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а вчера се сретна со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.