| четврток, 6 декември 2018 |

Мино Рајола: Нема шанси Ибра да се врати во Милан

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ на крајот од оваа сезона нема шанси да се врати во редовите на Милан. Ова го тврди неговиот менаџер Мино Раиола, кој важи за еден од главните агенти на фудбалери во светот.
Тој експресно ги отфрли гласините дека Милан би можел да го врати во своите редови еден од најдобрите играчи до 2012 година, Златан Ибрахимовиќ.

– Не можам да разберам од каде се појавија информациите за враќањето на Ибрахимовиќ во Милан, на кои им се дава толкаво значење по медиумите. Веќе кажав неколку пати, не знам на кој јазик да повторам – нема шанси Златан да се врати во Милан, тоа е невозможно – изјави Рајола.

Во периодот од две години, колку што Ибра помина во редовите на гигантот од Милано, настапи на 85 натпревари и постигна 56 гола, од каде што во 2012 година заедно со Тијаго Силва го засилија ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top