| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за крвавата тепачка во Велешта

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава за Л.Н.(27) од струшкото село Велешта, осомничен дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.

Пријавениот на 01.05.2015 година околу 15 часот во село Велешта со употреба со нож го нападнал А.И.(21) од истото село и му нанел тешки телесни повреди во пределот на двете нозе.

На настанот му претходела расправија во моментот кога двајцата се разминувале со своите возила. Откако ги запреле возилата, сега пријавениот веднаш излегол и со нож го нападнал на А.И. задавајќи му убодни рани најпрво во левата, а потоа и во десната надколеница, по што го напуштил местото на настанот.

Повредениот е пренесен во општата болница во Струга за укажување на лекарска помош. Лицата се познавале од порано и веќе подолго време постоела нетрпеливост меѓу нив што доведувало до чести вербални расправии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top