| четврток, 6 декември 2018 |

Саша Богдановиќ демантира дека бил претепан

sasa-bogdanovik500

Директорот на Паркинзи на општина Центар Саша Богдановиќ демантира дека во раните утрински часови на 8 мај, бил претепан поради долгови од своја навивачка група.

Ви го пренесуваме неговиот демант:

Најостро демантирам дека имам своја навивачка група и долгови. Очигледно дека се продолжува со континуираната дискредитација на мојата личност, нанесување на штета на мојот углед и чест поради мојата политичка определба, особено како Директор на ЈП Паркинзи на општина Центар.

Демантирам било какво учество или организација на насилни протести, или пак предизвикување на нереди, како што е објавено во овие медиуми, а ова може многу лесно да се потврди и од полицискиот извештај на надлежната полициска станица од каде е уредно извршен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top