До 17 часот во Струга на гласање излегле 57 проценти од граѓаните со право на глас – информираше претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Џенгис Хани.
Портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, информира дека од почетокот на гласањето во 7 часот утринава досега не се пријавени инциденти.
– Во Секторот за внатрешни работи Охрид досега нема пристигнато ниту една пријава за каков било облик на нарушување на она што значи фер и демократско гласање на граѓаните од општините Струга и Вевчани – вели Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.