Сликата „Жените на Алжир“ (Les femmes d’Alger) на Пабло Пикасо која му припаѓала на анонимен колекционер е продадена за рекордна сума од 179,4 милиони долари на аукција во „Кристи“ во Њујорк.
Со ова „Жените на Алжир“ стана најскапо продадено уметничко дело воопшто, соборувајќи го рекордот за 37 милиони долари на триптихот на Френсис Бејкон, кој беше продаден за 142 милиони долари.
Епскиот проект на Пикасо се состои од 15 верзии на истата тема како омаж за неговиот пријател и ривал Анри Матис, кој почина во 1954 година. Пикасо се инспирирал од сликите од 19. век на Ежен Делакроа. Верзијата О ја достигна највисоката цена.
Продавачот на делото на Пикасо е неименуван колекционер од Саудиска Арабија кој сликата ја купил во 1997 година и ја чувал во една од своите куќи во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



