| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден катастрофален земјотрес во Непал

_82928316_82928315

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени по Рихтеровата скала го потресе денеска Непал, само две недели по катастрофалниот земјотрес од 7,8 степени, во кој животот го загубија повеќе од 8.000 лица.

Отчитаната длабочина е 10 километри под Земјината површина, а епицентарот е на 81 километри источно од непалската престолнина Катманду.

Жителите во главниот град на Непал вознемирено излегоа на улиците бидејќи силен тремор се почувствувал и таму. Засега нема извештај за можни жртви или колкава материјална штета предизвика вториот земјотрес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top