| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта и Голден стејт се вратија во игра

Атланта хоукс и Голден стејт вориорс се вратрија во игра во полуфиналните плејоф-серии по конференции и израмнија на 2-2 со победи на гостински терен.

Перо Антиќ постигна 7 поени за 15 минути игра, а неговите „јастреби“ го победија Вашингтон со 106-101 и си ја вратија предноста да играат еден меч повеќе на домашен терен. Џеф Тиг беше најефикасен со 26 поени кај Хоукс, додека во спротивниот табор Бредли Бил забележи 34 поени.

antic

На 2-2 израмни и Голден стејт со победа од 101-84 против Мемфис. Стефон Кари одигра на препознатливо ниво, уфрли 33 поени и помогна Вориорс да се вратат на вистинскиот колосек. Голден стеј и Атланта беа најдобропласираните екипи во двете конференции, западната и источната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top