Русија ѝ предложила на Грција да стане шестиот учесник во банката за развој на БРИКС, пренесе агенцијата АНА-МПА.
Предлогот го дал рускиот заменик-министер за финансии Сергеј Сторчак во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Во соопштението на грчкото Министерство за финансии се вели дека за време на разговорот со премиерот Ципрас, рускиот заменик-министер Сторчак ја поканил Грција да стане шестиот учесник во банката за развој, во која се застапени Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Грчкиот премиер се заблагодарил за поканата и додал дека детално ќе го проучи предлогот и ќе го разгледа со лидерите на земјите од групата БРИКС на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, што ќе се одржи од 18 до 20 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



