Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се очекува тие да разговараат за голем број прашања, вклучително Украина, Сирија и Иран.
Посетата на Џон Кери на Русија доаѓа во момент на влошени односи меѓу Вашингтон и Москва поради руското влијание во конфликтот во Украина.
Портпаролката на американскиот Стејт департмент Мари Харф нагласи дека двете страни одржуваат полни дипломатски односи и дека мисијата на Кери е дел од напорите за поддржување „отворена линија за комуникација“ со Русија, пренесува ДПА.
Американскиот државен секретар Џон Кери во Сочи ќе разговара и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



