| четврток, 6 декември 2018 |

Приказна која расплакува и замислува

Еден доктор влегол во болницата набрзина откако бил повикан на итна операција. Тој се пријавил, се пресоблекол и влегол директно во одделот за операции. Го сретнал таткото на детето како поминува во ходникот чекајќи доктор.

Кога го здогледа, таткото извикал:

– Зошто ти требаше толку време за да дојдеш? Зар не знаеш дека животот на син ми е во опасност? Зар немаш чувство за одговорност – бесно рекол тој.

Докторот се насмевна и одговори:

– Извинете, не бев во болницата и дојдов веднаш штом го примив повикот… А сега, ве молам, смирете се за да можам да ја работам мојата работа.

– Да се смирам? Што доколку твојот син беше во салата сега, дали би бил смирен? Доколку синот ви умираше сега, што би направиле – рече таткото гневно.

Докторот повторно се насмевнал и одговорил:

– Јас би рекол како Јов што рекол во Библијата. Од земја дојдовме и во земја се враќаме, нека е благословено името на Господ. Докторите не можат да го продолжат животот. Одете и молете се за вашиот син, а ние ќе направиме сѐ најдобро според милоста Божја.

– Да даваме совети кога не сме засегнати е многу лесно – промрморе таткото.

Операцијата траеше неколку часови, по која докторот излезе надвор задоволен.

– Фала му на Бог, вашиот син е спасен – извика докторот.

И без да го дочека одговорот на таткото, тој продолжи да оди.

– Ако имате некое прашање, прашајте ја сестрата – додал докторот.

– Зошто е тој толку арогантен? Не можеше ли да почека некоја минута за да го прашам за состојбата на син ми – коментираше таткото гледајќи ја сестрата откако замина докторот.

Сестрата одговори, низ солзи во очите:

– Неговиот син почина вчера во сообраќајна несреќа, тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата на син ви. И сега откако го спаси животот на вашиот син, тој замина да го доврши погребот на неговиот син – рече сестрата.

Од оваа приказна е трогателна и тажна, но од неа може да се извлече важна поука.

извор: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top