| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од истрагата: И камениот мост во Скопје бил цел на терористите

Еден од терористите од кумановската „Дива населба“ признал дека групата имала намера да го сруши Камениот мост во Скопје. Неговата група составена од неколкумина терористи дел од оваа голема групација имала за задача хаосот да го пренесе во Скопје и кон средината на месецов да го разнесе Камениот мост. Во тој период во Куманово веќе би биле поставени целите за напад на терористите: како полицијата, судот, болницата итн, пишува „Вечер“ детали од истрагата на терористите.

Терористите имале план со кој преку најразлични акции би настрадале цивили, но и објекти и институции. Имале на располагање голема сума пари, но и ги очекувала голема сума пари „по завршената работа“. деталите и планот за акциите ги изработиле водачите на групата, косовски државјани, инаку ветерани од УЧК и ОНА кои по завршувањето на конфликтите на во овј дел од регионот продолжиле со терористички напади и воени акции. Сите членови на групата имаат искуство во воени конфликти, но и во борби во урбани средини. Затоа ја избрале кумановската населба како нивна база и почетно место за операции. Населбата е густо населена со тесни улички, идеална за терористички групи, но крајно непристапна и небезбедна за безбедносните сили. Тие неколкупати ја посетиле населбата го избрале тесниот сокак со четири куќи како идеално место за позиционирање во кој може да се влезе само пеш, а со возило може да се приближите само на педесеттина метри.

Водачот на терористичката група Мирсад Ндрецај дошол на 1 мај во Дивата населба и ги изнајмил овие четири куќи за 4.000 евра месечно кои биле сопственост на едно семејство. Куќите меѓусебе се поврзани и имаат дебели бетонски ѕидови  Во наредните денови станарите од куќите се иселиле и ги ослободиле, за во време на нападот еден челн од семејството на сопствениците се вратил земал оружје и им помагал на терористите. Тој е фатен жив.

Според „Вечер“ Ндрецај откако ги изнајмил четирите куќи доаѓа повторно и купува уште една куќа во нивна близина која имала стратешка локација и служела за складирање на поголемиот дел од оружјето и муницијата, како и десеттици терористи кои непрекинато секојдневно доаѓеле во Дивата населба.

Во текот на минатата недела, поточно во средата и четвртокот во Дивата населба веќе се собрале сите терористи и овие два дена ги искористиле за да донесат и да складираат што повеќе оружје, муниција, снајпери, рачни фрлачи, жаби, рачни бомби и илјадници парчиња муниција.

Меѓу ова оружје не е она украдено од караулата во Гошинце. Според извори на истрагата, тоа е складирано на друго место и ќе се употребело откако терористичките напади ќе се пренеселе во Скопје и во други градови низ државата. Затоа акцијата на полицијата станува неизбежна и мора да се изведе веднаш.

Тројца од петтемина водачи на терористите се фатени живи, ( Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева; Сами Ушкини, алијас командант Соколи и Деме Шеху, алијас Јунику. Двајцата водачи Мирсад Ндрецај, односно командант НАТО и Бег Ризај се претпоставува дека се ликвидирани. Овие петмина команданти и нивните најблиски соработници се припадници на 113 бригада на УЧК  која во 2001 година напаѓаше токму во Липковскиот крај. Овојпат им се различни улогите. Ушкини е командант на единицата, заменик му е роднина на Хдрецај, Малич Ндрецај, Красниќи е командант на специјалните единици, додека Ндрецај е командант на одделение во единицата на Красниќи и има најнизок чин по хиерархија.

Според „Вечер“ Красниќи, Ушкини и шеху не успеале да се пресоблечат и да се обидат да ги измамамт безбедносните сили дека се цивили и невини жртви. Фатени се во униформи на 113 бригада, а Красниќи притоа дал лажни податоци сокривајќи го идентитетот се претставил со друго име и презиме и направил пермутација на датумот на раѓање, но набргу бил разоткриен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top