| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Темелков во „Х-Фактор“ песната „Angels“ им ја посвети на загинатите полицајци

Давид Темелков, кој од самото појавување на аудициите во X-Фактор ги придоби симпатитие на жирито и на публиката, вчеравечер успеа да ја воодушеви Александра Ковач и да влезе во нејзината група топ 3 за финалните настапи.

-Денес е тежок ден за мојата Македонија. Велат дека ништо не е случајно, па ни ова, тоа што токму на овој ден песната со која настапив се вика ’Angels’ од Роби Вилијамс. Овој настап и оваа песна им ја посветувам на бранителите што го дадоа својот живот да нѐ заштитат, а кои се сега наши ангели, рече Темелков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top