Австралиската ѕвезда од музичкото шоу „Икс-фактор“ Натаниел О’Брајан загина завчера во близина на Аделејд во Австралија.
Деветнаесетгодишниот пејач загинал во сообраќајна несреќа, која се случила само неколку часа по неговиот настап на музички кантри-фестивал во јужна Австралија.
Трагичната смрт на минатогодишниот учесник во споменатото музичко натпреварување ги растажи многубројните фанови во Австралија, но пошироко. Кантри-музиката остана без ѕвезда, која само што почна да сјае.
Неговата менторка во музичкото натпреварување била Дани Миног, сестрата на Кајли Миног, која тешко ја прифатила оваа трагична вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.