Официјален претставник на американската лотарија „Пауербол“ соопшти дека е извлечен добитник на 338 милиони долари во Њу Џерси.
Пред извлекувањето вредноста на џекпотот беше проценета на 320 милиони долари, но по пресметување на продажбата, добивката се искачи на 338 милиони долари, што е четврта најголема „Пауербол“ награда досега.
Лотаријата „Пауербол“ под ова име постои од 1992 година и се игра во 42 американски сојузни држави, објави „Ен-Би-Си њус“.
Најголемиот џекпот во историјата на „Пауербол“ изнесува 587,5 милиони долари, но тогаш беа извлечени две добитни ливчиња во Аризона и во Мисури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.