| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Куманово ќе донира два милиона денари за хуманитарна помош за граѓаните

Residents visit destroyed houses in a neighborhood in town of Kumanovo

Семејствата што ги напуштија своите домови и останаа без елементарни услови за живот ќе добијат помош од општината. Општината Куманово на вонредна седница ќе донесе одлука за обезбедување два милиона денари за хуманитана помош на граѓаните, пишува порталот „Куманово њуз“.

– Неопходни се пари за храна, млеко за децата, сретства за хигиена. Ние ќе ги прифатиме луѓето, но треба да им обезбедиме и нормални услови за живот. Затоа сметаме дека советниците ќе го подржат предлогот – рекоа од кризниот штаб.
За семејствата кои ги напуштија своите куќи ќе бидат обезбедени душеци од Црвениот крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top