| четврток, 6 декември 2018 |

Курц ќе побара Советот на ЕУ да расправа за Македонија

курц2

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц денеска изрази загриженост поради најновата ескалација на насилствата во Македонија и ќе побара актуелните случувања да бидат тема на следниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.

Како што пренесува АПА, тој за тоа денеска разговарал со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, при што апелирал на сите страни да покажат воздржаност, а Владата и опозицијата во Македонија ги повикал на соработка.

Според него, настаните треба да се сфатат како „повик за будење“ и ја нагласил потребата за напредок во надминувањето на внатрешно-политичката криза. Тој, наведува австриската новинска агенција, побарал и целосна и транспарентна истрага за случувањата.

Курц, од ЕУ побарал „јасна европска перспектива“ за Македонија, чијшто процес на евроинтеграција е блокиран поради спорот со Грција за името.

Австрискиот министер за надворешни работи очекува ситуацијата во Македонија да биде тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ, следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top