Организаторот на концертот на „Парни ваљак“ во Скопје, „Прагма Продукција“ го одложува концертот по повод 40-годишниот јубилеј на овој хрватски бенд. Концертот којшто првично беше закажан за 16 мај, се одложува за 6 јуни.
Моменталната ситуација во Република Македонија и настаните кои што се случија изминатиов викенд, се причините поради кои „Прагма Продукција“ одлучи концертот да го премести за месец јуни. Купените влезници ќе важат за тој концерт.
Освен „Прагма Продукција“, со оваа одлука едногласно се сложи и бендот „Парни ваљак“. Порачуваат дека нивните мисли се со нас и дека се надеваат на што побрзо надминување на оваа состојба. Република Македонија им е во срцето. Особено на фронтменот Аки Рахимовски кој што земјата на сонцето се уште ја смета и за своја татковина.
Воедно и „Прагма Продукција“ и „Парни ваљак“ изразуваат сочувство до семејствата на загинатите херои – Македонија никогаш нема да ги заборави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.