| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ в среда на „Мајски оперски вечери“

Во среда (13 мај) во рамките на 43 Мајски оперски вечери, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек дело на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: Во улогата Одета/Одилија ќе настапи Нина Капцова, првенка на Бољшој театарот од Москва. Улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Артјом Овчаренко, исто така првенец на Бољшој театарот, а улогата на Ротбарт му е доверена на гостинот од Бугарија Дојчин Дочев. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Ѓоѓе Павловиќ од Србија. Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top