| четврток, 6 декември 2018 |

Хоспитализираните припадници на безбедносните сили во стабилна здравствена состојба

клиники

Здравствената состојба на 20 припадници на безбедносните сили на Република Македонија, кои се хоспитализирани на хируршките клиники во Скопје, е стабилна, соопшти Министерството за здравство.

Исто така, во Градската општа болница „8 Септември“ се згрижени девет припадници на безбедносните сили на Република Македонија, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во текот на денот најмалку двајца од нив да бидат пуштени на домашно лекување, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top