| четврток, 6 декември 2018 |

Турски товарен брод нападнат од брегот на Либија

napad

Турски товарен брод е гранатиран од либискиот брег додека се приближил до пристаништето Тобрук, а потоа бил нападнат од воздух додека се обидувал да ја напушти областа, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, пренесува БТА.

Третиот офицер на бродот загинал, а неколку членови на екипажот се повредени во нападот. Турското министерство остро го осуди нападот.

Во соопштението на Министерството се нагласува дека бродот за време на нападот се наоѓал во меѓународни води, но без да прецизира кој стои зад нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top