| четврток, 6 декември 2018 |

СОНК: Се потврди професионалноста и патриотизмот на полицијата

 сонк

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК преку соопштение изрази благодарност за, како се што наведува, големата и херојска победа што ја остварија безбедносните сили на нашата држава, против терористичката банда во Куманово“.

– Сигурни сме, дека со ова уште еднаш се потврди подготвеноста, професионалноста и исклучителниот патриотизам од страна на македонската полиција, да се справат и со исклучително опасни, терористички и непријателски групи. Убедени сме уште повеќе, поради фактот што безбедносните сили се составени од сите националности, без разлика на нивната верска припадност што живеат во Република Македонија – се вели во соопштението.

СОНК, како што е наведено, изразува големо жалење за загинатите херои, кои давајќи го животот за одбрана на својата држава и заштита на својот народ, не задолжија сите нас вечно да им бидеме благодарни и тие секогаш ќе бидат во нашите мисли.

– Сигурни сме дека надлежните државни органи, пред се Владата на Република Македонија ќе направат се што е во нивна моќ, да ја ублажат болката на нивните најблиски. На ранетите припадници на безбедносните сили им посакуваме во најскоро време да ги залечат раните и што е можно поскоро да им се придружат и на своите семејства, како и да се вратат што е можно поскоро во редовите на безбедносните сили на Република Македонија – посочува СОНК.

Синдикатот изрази згрозеност од сите кои се обидоа да шпекулираат, манипулираат и да го омаловажуваат херојството на полицијата, се со цел да заработат евтини поени.

– Сигурни сме дека и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите и сите што живеат во оваа наша заедничка држава и кои и мислат добро и на државата и на целиот народ во неа, мошне добро знаат сето тоа да го препознаат, соопшти СОНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top