| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за одбрана на Летонија во посета на Македонија

рејмонд

Делегација од Министерството за одбрана на Република Летонија, предводена од министерот Рејмондс Вејонис, денеска  ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија.

Како што најави МО, министерот Вејонис ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

Во рамки на посетата, министерот Вејонис ќе го посети Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“ во Скопје.

Утре, според најавите, министерот Рејмондс Вејонис ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за одбрана и за безбедност на Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев и членовите на Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top