| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

земјо

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтер е регистриран синоќа во морскиот регион југоисточно од грчкиот остров Крит, јави „Њуз.ин“.

Потресот е почувствуван и во регионот на Јерапетра и на југоисточниот брег на островот. Нема податоци за жртви и материјална штета.

Според сеизмолошкиот институт во Атина, епицентарот на потресот бил во морето на 42 километри западно од Јерапетра и на 54,7 километри југоисточно од Ираклион, административниот центар на островот.

Минатата недела сличен земјотрес со интензитет од 4,7 степени по Рихтер го погоди овој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top