Унгарија може повторно да воведе смртна казна, но само ако ја напушти Европската унија, изјави поранешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во интервју за унгарската ТВ-куќа АТВ.
– Ако земја-членка сака да воведе смртна казна, тоа може да го направи, но во тој случај ќе мора да ја напушти ЕУ – рекол Баросо, реагирајќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој повика на дебата за повторно воведување на најстрогата казна.
Баросо, кој беше претседател на ЕК од 2004 година до 2014 година истакна дека повторното воведување на оваа казна едноставно не е можно во некоја земја членка на унијата.
– Дебатата е одамна завршена, сите земји-членки беа јасни по тоа прашање – наведува Баросо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија