| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку четворица загинати при пад на воен товарен авион во Шпанија

Најмалку четири лица загинаа, а еден е тешко повреден во денешната несреќа на воен товарен авион А400М во близина на јужниот шпански град Севилја, јави ДПА, повикувајќи се на спасувачките служби.
Двајца тешко повредени се пренесени во болница.
span
Сите членови на екипажот биле Шпанци, веројатно вработени во компанијата производител „Ербас“, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој.
Авионот се урнал кратко по полетувањето за време на тест лет. Тој бил наменет за Турција.
span1
Причината за несреќата засега не е позната. Шпанското министерство за транспорт отвори истрага за несреќата.
Товарниот воен авион А400М е наменет за превоз до 37 тони товар или до 120 војници, јави ТАСС. Тоја е развиен од седум земји клиенти на „Ербас дифенс анд спејс“ Германија, Шпанија, Велика Британија, Белгија, Луксембург, Франција и Турција. Проектот е почнат во 2003 година, а досега се нарачани вкупно 174 авиони од овој модел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top