Претседателката на Косово Атифете Јахјага денеска изрази длабока загриженост заради ситуацијата во Македонија.
Таа, како што стои во соопштението од нејзиниот кабинет, апелира до сите страни да се воздржат од насилства и да го почитуваат законот.
Претходно денеска и косовското Министерство за надворешни работи го осуди обидот за дестабилизација на Македонија.
– Косово остро го осудува загрозувањето на редот и безбедноста од страна на кој било поединец или група со цел да се дестабилизира Македонија. Апелираме до сите страни да се воздржат од насилство и да најдат решение по пат на политички дијалог во рамки на институциите во Македонија и Охридскиот договор кој го гарантира интегритетот на Македонија и ги исполнува правата на заедниците, стои во соопштението од косовското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.