| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Инцидентите не се во прилог на стабилноста во регионот

јах

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага во првата реакција за денешниот инцидент во Гошинце вели дека на регионот му е потребен мир.

– Вакви инциденти никому од соседните земји не му се во прилог, посебно на овој дел од Западен Балкан. Сега секој е држава, создадена според сопствените уставни и законски рамки, фунционирајќи добро и ние секогаш треба да инсистираме на промоција на мирот и стабилноста на граѓаните – изјавила Јахјага во емисијата „Инфо магазин“ на телевизијата Клан Косова.

Коментирајќи ги случувањата во Македонија Јахјага рекла дека Косово е пример на мирот и меѓуетничката толеранција.

– Ние живееме во век на интеграции. Косово и другите земји, се пример на толеранција и не само меѓу заедниците, тоа е најдобар пример. Ние треба да се откажеме од националистичките агенди бидејќи веќе видовме во изминатите декади какви болни последици предизвикаа кај нашите граѓани – изјавила Јахјага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top