| четврток, 6 декември 2018 |

Уште двајца повредени полицајци, бројката стигна до над 20

11216060_10152759895252212_1229157037_n

Министерството за внатрешни работи засега не може да објави колку припадници на македонските специјални сили и полицијата се повредени во акцијата која од утрово се спроведува во Куманово. На првиот прес денеска, помошникот на министерот за односи со јавноста Иво Котевски рече дека прво ќе бидат известени семејствата на повредените, а кога ќе заврши акцијата ќе бидат соопштени повеќе детали.

11216326_10152759897247212_1905326207_n

Во меѓувреме на хелиодромот во Скопје пристигна уште еден хеликоптер со двајца повредени полицајци. Сотоа бројката на повредени пристигна до над 20.

Според информациите од Ургентниот центар во Скопје засега на 16 повредени полицајци им е направена магнетна и компјутерска томографија.

11258638_10152759898907212_1879480578_n

Во тек се и хируршки интервенции на неколку повредени. Сите хируршки сали во Ургентен се на готовс, а закажаните редовни пациенти за операции се препраќаат во останатите болници.

Неколку полесно повредени полицајци се префрлени во градските болници „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top