Полицијата во австралискиот град Мелбурн уапси 17-годишно момче, обвинето дека се подготвувало да активира три рачно изработени бомби, соопштија американските медиуми.
Тинејџерот е уапсен вчера попладне во антитерористичка акција во неговиот дом во предградието Гринвејл, каде биле најдени и деактивирани експлозивните направи, изјави заменик комесарот на федералната полиција Мајк Фелон.
За полицијата е доста збунувачки да види како толку млади луѓе се отуѓуваат од општеството до тој степен што се подготвени да им се заканат на животите на многу Австралијци, рече Фелон пред новинарите.
Осомничениот во понеделник ќе се појави пред судот за малолетници во Мелбурн под обвинение за тероризам.
Австралискиот премиер Тони Абот ги повика сонародниците да го продолжат животот со нормално темпо, „затоа што целата идеја на тероризмот е да не натера да стравуваме и да не бидеме нормални“.
Според непотврдени информации, таткото на момчето е лекар од сириско потекло. Семејството не знаело дека експлозивите се скриени во нивната двокатна куќа.
Заменик комесарот на полицијата во државата Викторија, семејството на осомничениот го опиша како „грижливо и сакано“. Според него, роднините на тинејџерот биле многу збунети кога ја дознале веста за апсењето и плановите на момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)